Лондон: Четворица загинати во терористичкиот напад


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Четири лица загинаа во терористичкиот напад кој се случи вчера во Лондон, а уште 20 се ранети, соопшти во среда вечер британската полиција.

На Вестминстер мостот кај Парламентот во Лондон најпрво со автомобил покосил пешаци, а потоа во зградата на Парламентот со нож избодел полицаец, кој подоцна во болница им подлегна на повредите. Напаѓачот потоа бил застрелан од полицијата.

Лондонската полиција соопшти дека инцидентот со оружје и нож што се случи во близина на британскиот парламент ќе го третира „како терористички чин додека не се докаже спротивното“, јави AP.

Полицијата во соопштението ги повика луѓе да го избегнуваат делот на Лондон околу парламентот.