Оваа недела летни температури, од следната заладување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Има услови за ретка појава на краткотраен дожд.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 8 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 7 и дневна до 26 степени.

Од почетокот на наредната недела се очекува промена на временската состојба. Од северозапад се очекува да наиде релативно влажен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух и ќе придонесе промена на временската состојба. Ке има зголемена облачност врнежи од дожд а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.