Спорт

Ливерпул одлучи, влегува „all-in“ за Џо Харт!

Англискиот репрезентативец голман, Џо Харт моментално е на позајмица во Торино каде ќе остане до крајот на сезоната, а потоа ќе бара нов клуб.

За Џо Харт нема повеќе место во Манчестер Сити, а Торино нема доволно финансии за да го задри англискиот чувар на мрежата.

Неколку англиски клубови го сакаат Харт во своите редови, но најсилен инетерс покажува Ливерпул кој е спремен да ја плати бараната сума на „граѓаните“ и да го донесе на „Енфилд“.

Јирген Клоп како приоритет го постави доведување на врвен голман, а Харт нема ништо против да се пресели во легендарниот англиски клуб.

Медиумите тврдат дека Сити за неговата слобода ќе бара 20 милиони евра, но „црвените“ ќе се обидат да ја намалат цената со преговори.

Advertisements
To Top