Славни

За инает на Јенките: Путин тврди дека руските проститутки се најдобри на светот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави пред неколку дена дека руските проститутки се најдобри на светот, одговарајќи на гласините дека американскиот претседател Доналд Трамп уживал во нивно друшство за време на еден престој во Москва.

Денис Хоф, сопственик на ранчот „Moonlite Bunny“ во Невада вели дека Путин мора да дојде во САД за да се увери дека тоа не е точно.

„Споредувањето на нашите девојки со Русинките е смешно. Тие се како медицински сестри, кои лекуваат еден по еден пенис“, рече тој.

„Владимир Путин мора да доживее некое посебно искуство, како што е двочасовно врзување со интензивна дисциплина, за да увиди колку всушност се талентирани Американките“, додава Хоф.

Сопственикот на рачнот алепира и до Путин и до Трамп да го согледаат значењето на легализацијата на проституцијата.

„Трамп добро знае каде е нашиот ранч, па затоа мора да биде свесен дека легализацијата на проституцијата го намалува криминалот, придонесува за превенцијата на болестите и го збогатува буџетот“, додава тој.

На пршањето дали Трамп користел услуги на руски проститутки, Путин одговори дека милијардерот бил во посета на Русија пред неколку години, но во улога на бизнисмен, за кој никој не бил свесен дека еден ден ќе има амбиции да стане претседател на САД.

Путин нагласи дека Трамп долги години организирал избори за убавина и се дружел со најубавите девојки во светот.

„Мошне ми е тешко да замислам како тој трча кон некој хотел за да се сретне со нашите девојки со намалена општествена одговорност. Иако ние тука ги имаме најдобрите во светот“, рече Путин.

„Луѓето кои нарачуваат измами од таков вид, какви што сега се шират против новоизбраниот американски претседател, кои ги фабрикуваат и ги користат во политички цели се полоши од проститутките. Тие немаат морални граници“, додаде рускиот претседател.

Advertisements
To Top