Листата е составена – овие шест фудбалери заминуваат од Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид спрема голема реконструкција на тимот следното лето, а шпанските медиуми пренесуваат дека сигурно ќе биде многу „жешко“ на „Сантиаго Бернабеу“.

Иако се уште не се знае со сигурност кој ќе ги предводи „кралевите“ следната сезона, сепак шест фудбалери сигурно ќе го напуштат Реал Мадрид.

Кејлор Навас иако го продолжи договорот сигурно ќе биде продаден на лето, а во клубот ќе се врати Андреј Лунин, кој е на позајмица во Леганес.

Заминува и Марсело, најверојатно во Јувентус. Бразилецот после 12 години сака нов предизвик во кариерата. Во тимот следната сезона исто така ќе нема место и за Лукас Васкез и Ваљехо.

Реал најверојатно ќе го продаде Себаљос и така ќе направи место за нов играч за врска, а последните најави се дека Модриќ ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Неизвесна е иднината и на Иско. Неговата „судбина“ ќе зависи од тоа кој ќе биде тренер, но намерата на Реал е да го продаде на крајот на сезоната.

На излезна врата е и Герет Бејл, но „кралевите“ ќе се согласат да го продадат само доколку пристигне понуда од 100 милиони евра.