Lexus претстави два нови „ѕверови“ од серијата Ф

Lexus

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одбележувајќи 10 години од претставувањето на првиот модел кој носеше ознака F. Овој луксузен бренд претстави два засебни модели: Coupe RC F и седанот со ознака GS F. Првите модели на Lexus со ознака F претставуваше синоним за најснажни спортски верзии.

Премиерно претставени беа на саемот на автомобили во Токио. Јубилејните модели на Lexus обоени се со мат сива боја и засега ќе се нудат само за јапонски пазар. Од компанијата сеуште немаат објавено колку примероци ќе има од овие модели, но известуваат дека се работи за ограничена серија.

Lexus
Покрај карактеристичната боја на каросеријата, двата модели се разликуваат од стандардната верзија и по карбонските каросериски елементи. А одлика за овие едиции се и двобојниот кожен ентериер, титаниумскиот пригушувач на издувниот систем и нов тип на амортизери.

Промена под хаубата нема, па така двата модели и понатаму ги движат 5 – литарски атмосферски V8 мотор кој располага со 477 КС. Со овој мотор од 0 до 100 km/h ќе забрзуваат за 4,4 секунди односно 4,5 секунди, и максималната брзина ќе изнесува 270km/h.