Lexus LS 2021 – комбинација од јапонски луксуз и елеганција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Lexus го претстави новиот, освежен изглед на петтата генерација од нивната најлуксузна сериска лимузина која на автомобилскиот пазар е конкуренција на модели како Mercedes „S“ класа и BMW серија 7.

Поминаа три децении откако првата генерација на луксузната лимузина „LS“ дебитираше на саемот во Детроит во 1989 година.

Актуелната петта генерација прв пат се појави во јавноста на истиот саем во 2017 година, а после три години, јапонскиот произведувач претстави рестилизирана верзија од својот најлуксузен автомобил.

Освен помалите стилски промени на надворешноста и во ентериерот на возилото, Lexus го унапредил и комфорот на возењето и ја подобрил звучната изолација на патничката кабина.

„LS“ за 2021 има рестилизирани фарови со поинакви LED дневни светла, како и преобликуван браник.

Промените во задниот дел на возилото се минимални, а еден од новитетите кај овој модел се новите 20 инчни алуминиумски бандажи за „F Sport“ верзијата.

Повеќе детали за Lexus „LS“ за 2021 ќе бидат познати наскоро, кога ќе ги дознаеме и податоците за моторизацијата. Овој модел би требало да се појави во продажба кон крајот на годината.