Левандовски предупредува: Тимот на Баерн е стар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски го предупреди раководството на гермнаскиот гигант дека тимот е се постар и дека му е потребно освежување.

Баварците после 11 кола во Бундес лигата се наоѓаат на првото место на табелата, но на почетокот имаа голема проблеми, по што раководството му врачи отказ на Карло Анчелоти.

Слабите изданија во Лигата на шампиони ги загрижија Баварците, а дека е „запален алармот“ предупреди и 29-годишниот Левандовски. Во тимот има шестимина фудбалери кои имаат повеќе од 30 години.

„Не треба да се залажуваме. На секој клуб му е потребен нов играч од светска класа на две или три години. Потребно е освежување, нов квалитет, нова свежа крв. Ние сега имаме добар тим, но е се постар и постар“, искрен беше Левандовски.

„До сега ни успеваше да ги замениме старите. Го имаме младиот Кимих, кој е одличен на новата позиција и кој покажа дека одлично може да го замени Филип Лам“, заклучи полскиот репрезентативец.