Летечкиот автомобил на јапонската компанија Sky Drive Inc. (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонската компанија Sky Drive Inc. на 25 август, направи јавна демонстрација и тест возење на летачки автомобил на 25 август, стои во соопштението за јавноста и медиумите од компанијата. Ова е прва демонстрација на ваков вид возила во историјата на Јапонија.

Пилотот полетал со автомобилот SD-03 и го обиколувал теренот околу четири минути, пишува CNN.

„Ние сакаме да создадеме општество каде летачките автомобили се прифатливо и погодно превозно средство, каде што луѓето ќе можат да доживеат безбеден и удобен нов начин на живот“, рече директорот на компанијата Томохиро Фукузава.

SD-03 е најмалото електрично возило за полетување и слетување во светот и зазема простор колку два паркирани автомобили, велат од компанијата. Има осум мотори кои обезбедуваат „безбедност при итни случаи“.

Компанијата се надева дека летечкиот автомобил наскоро ќе стане составен дел од нормалниот живот и планира повеќе тест летови под различни услови во иднина за да се осигури дека безбедноста и технологијата на возилото ги исполнуваат индустриските стандарди.

Компанијата има намера да го понуди на пазарот летечкиот автомобил во 2023 година. Не е објавено која ќе биде цената на таквото возило.