Леонардо отворено за Нејмар – призна се што го прашаа новинарите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сагата околу бразилскиот играч Нејмар се уште трае, а до крајот на преодниот рок останаа само уште два дена.

Летниот преоден рок завршува на 2-ри септември и Барселона нема многу време да го врати Нејмар. Бразилецот воопшто не настапи за ПСЖ од доаѓањето на припремите и јасно е дека сака да се врати во Барселона.

Меѓутоа ПСЖ не сака така лесно да го пушти и се обидува да добие пари и барем еден играч во замена. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо сега призна дека Нејмар сака во Барселона.

„Договор за Нејмар во овој момент нема. Барселона првата понуда ја испрати на 27-ми август. Отворени сме за преговори, но не сме го добиле тоа што го сакаме. Од Барса зависи дали преговорите ќе продолжат. Нејмар сака само во Барселона и тие се единствен кандидат за него. Сакаме да го продадеме Нејмар, но тоа нема да го направиме по секоја цена. Барселона многу добро знае што сакаме за Нејмар. На крајот ќе бидам искрен и ќе кажам дека нашите односи со Нејмар не се добри“, изјави Леонардо.

Барселона има време до 2-ри септември (понеделник) да се обиде да го врати Нејмар, пишува Спортски.мк.