Музика

Лејди Гага доби тужба за кражба и плагијат за оскаровската песна „Shallow“

Песната „Shallow“ од филмот A Star Is Born, кој Лејди Гага ја вивна во недостижниот врв на светската шоубизнис слава, истовремено ѝ донесе и астрономска тужба поради наводно крадење на оскаровската песна.

Песната која на мегапопуларната пејачка ѝ го донесе Оскарот, најголемиот хит на римејкот „A Star Is Born“ со Бредли Купер, наводно содржи делови од песната „Almost” на Стив Ронзен.

Ронзен поднел тужба против Леди Гага и бара милионска оштета, поради тоа што песната „Shallow” станала глобален хит, а тој не заработил ниту цент од неа.

Според тужбата спорен е редоследот на акорди, но адвокатите на Леди Гага оваа тужба од Стив Ронзен ја нарекоа „дрзок обид за изнуда“ и најавија борба со сите средства. Тие воедно велат дека Гага „никогаш не ја слушнала спорната песна од на јавноста непознатиот автор“.

Advertisements
To Top