Легендарно прво искачување и симнување на опасниот К2 со скии (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Полскиот алпинист од Закопане, Анджеј Баргиел, е првиот човек на светот кој успеа да го качи и да го симне со скии вториот највисок врв на светот и еден од најопасните и технички најтешките за искачување, легендарниот К2.

На масивот Каракорум, на 19 јули тој и неговата логистика тргнаа према врвот. Целта беше да се искачи во „временскиот прозорец” околу 21-22 јули, што на крајот се покажа како успешен обид за Анджеј, но и за уште 30 други искачувачи.

Ова воедно претставува и рекорд за најмногубројни успешни искачувања на врвот во еден ден (вкупно 31), со подобрување на претходната бројка од 28 луѓе поставена во 2012 година – пренесува Експлорерсвеб.

Иако се уште се очекуваат повеќе официјални фотографии и видеа од искачувањето и спуштањето на Баргиел, на неговиот официјален Фејсбук профил се објавени некои фотографии од спуштањето кое било направено преку комбинација на неколку рути за да се опфатат повеќе снежни делови на инаку доста карпестиот врв.

Рутата за спуштање одела преку класичната насока на Абруци гребенот, па преку Баскиската насока за да се направи конекција преку траверсот на Меснер и да се заврши преку Полската рута на Кукучка и Пјоторовски.