Повредени 9 лица: Тешка сообраќајка на патот Штип-Радовиш!

soobrakjajka

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во близина на радовишкото село Дамјан на магистралниот пат Штип-Радовиш се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 9 лица.

Потпаролот на СВР Струмица Хринзатема Рендевска изјави дека несреќата се случила утринава во 3:40 часот помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка.

– Според првичните информации, со телесни повреди се вкупно девет лица и сите се хоспитализирани во болницата во Струмица, рече Рендевска.

Во тек е увид на местото на несреќата од страна на полицијата и јавниот обвинител.

Поради несреќата изутрината од 4:15 часот до 5:40 сообраќајот на тој дел од патот беше целосно прекинат, по што возилата се пропуштаа наизменично.