Санкции за 40 возачи за брзо возење во Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од 12 сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 12 возачи.

Според полицискиот извештај, тројца управувале возило под дејство на алкохол, шестмина пред да се стекнат со право на управување моторно возило, тројца почетници, едно возило било технички неисправно, а 12 нерегистрирани.

Непрописно биле паркирани 61 возило, а пајак службата подигнала 51 моторни возила.

Санкционирани биле и 37 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум пешаци поминале на црвено светло, седум возачи поминале крстосница на црвено светло, еден неправилно се престроил еден неправилно престигнувал, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница и седум возачи се санкционирани за некористење заштитен шлем.

Одделението за превенција во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници во градинка „8 Март“ објект „Пржино“ во општина Кисела Вода.