Какво време не очекува во август?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека следува период на променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Утре понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен сверозападен ветер.
Дневната температура и во наредните денови ќе биде малку под просекот за овој период од годината, информира УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Лазарополе и Дебар (37 литри на квадратен метар), во Прилеп 12, Гевгелија 10, Крушево и Маврово осум, седум литри во Претор, шест во Тополчани, четири литри во Крива Паланка, Охрид и Пожаране, три во Битола, два литра во Тетово и еден литар на квадратен метар во Дојран.

Потпросечните температури ќе се задржат се до крајот на месецот а со почетокот на август практично се враќа и летото кога температурите ќе одат над 35 степени.

На почетокот на август се уште ќе има периоди со облачно време но температурите ќе бидат високи. Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, цел август ќе биде променлив со услови за нестабилност и температури за еден до два степени под просекот.