Легендарниот украински фудбалер преживеа ХОРОР: Појде да си ја види ќерката, доби три куршуми!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендата на украинскиот фудбал, голманот Олександр Шовковски, преживеа хорор предизвикан од мајката на неговата поранешна сопруга, која се обиде да го убие.

Шовковски на социјалните мрежи ја објавил снимката на која жена со пиштол трипати пука кон него. Тој бил пред куќата на својата бивша сопруга за да ја земе својата ќерка, но од балконот на се појави мајката Олга Аланова, која прво почна да фрла со камења, а потоа извади пиштол.

Кога Шовковски стигна пред капијата се слушнa првиот истрел, по што следеа уште два.

Шовковски е вистинска легенда на Динамо Киев, а за украинската репрезентација одигра 92 натпревари.