Гвардиола не се предава: Можеме до пресврт!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека неговиот тим може да ја анулира предноста од три гола против Ливерпул во Лигата на шампиони.

„Граѓаните“ денес го пречекуваат Ливерпул и ќе се обидат да направат „чудо“ после поразот од 3:0 на „Енфилд“.

„Мораме да одиграме речиси совршен натпревар за да поминеме понатаму. Имаме 90 минути плус дополнително време, а она што го покажавме оваа сезона, дури и во последниот натпревар, покажува дека можеме да создадеме многу шанси. Ако не успееме психолошки да се избориме со тоа, ќе научиме голема лекција за во иднина. Ова е тест, фудбалот е како и животот, постојано ни приредува тестови“, истакна Гвардиола.

„Се познаваме добро со Ливерпул. Не смееме да се откажеме ниту ако примиме погодок. Многу пати го направивме тоа, можеме во краток период да создадеме доста прилики и да постигнуваме голови. Способни сме за пресврт“, заклучи Гвардиола.

Каталонскиот стратег изјави дека при елиминација нема да се прават трагедии, бидејќи е убеден дека Сити наскоро ќе ја освои Лигата на шампиони.

„Имам исклучителен состав, ексклузивен! За мене е среќа да бидам менаџер тука. Многу сум среќен. Потребни ни се европски трофеи, но ова е тешка задача. Можеби не утре, но предвид она што клубот го има направено во последните десет години, тоа ќе се случи. Ако не оваа сезона, можеби следната. Порано или подоцна, тоа ќе се случи“.