Home Шоубизнис ЛеБеф е многу терсене кога ќе се напие: Мора да се лекува од алкохолизам и агресивност за да не оди во затвор

ЛеБеф е многу терсене кога ќе се напие: Мора да се лекува од алкохолизам и агресивност за да не оди во затвор

Откако е обвинет за расправија со човек по име Тајлер Марфи,за претепување, а потоа кражба на капа, судот му наредил на ЛеБеф да посетува терапија за управување со гнев еднаш неделно и програма за одвикнување од алкохол од 12 степени.

Исто така, тој мора да се држи настрана од насилство, да и го предаде на полицијата целото оружје што го има и не смее да и приоѓа на жртвата или на местото на инцидентот на растојание помало од 90 метри, пишува LA Times.

Ако ги исполни сите овие услови во рок од 12 месеци, тој нема да мора да оди во затвор.

Инаку, Шиа ЛеБеф неодамна беше тужен за физичко и емоционално малтретирање од неговата поранешна девојка. Во декември минатата година, таа поднела пријава за сексуално насилство врз неа, обвинувајќи го дека свесно и пренел сексуално пренослива болест и вербално ја злоупотребувал за време на нивната врска, која траела од 2018 до 2019 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…