Купи напуштен магацин за 800 долари и „му падна секирата во медот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мајкл Де Хас го води YouTube каналот Storage Auction Pirates, на кој веќе со години објавува снимки од аукциските продажби на такви складишта. Иако со овој бизнис се занимава со години, едно купување му го промени животот.

Типот купи магацински контејнер за 800 долари и после купови ѓубре и отпад речиси изгуби надеж дека ќе најде нешто корисно во него, наиде на заклучен сеф. Она што го најде внатре го остави во позитивен шок.

Мајкл беше уверен дека во внатрешноста на заклучениот сеф има документи и други хартии, но сефот, на негово големо изненадување, беше полн со банкноти од 20 и 50 долари, чија вкупна сума изнесуваше 26.420 долари.

Снимката на YouTube беше објавена уште во 2012 година, но деновиве беше реактуелизирано на Facebook и повторно стана вирален хит со милионски прегледи.