Куќи од 2.000 долари – се градат за неколку часа, траат стотици години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонците не би биле Јапонци ако не беа иновативни, истовремено квалитетни и практични и во поглед на градењето на компактни и ефикасни креативни семејни домови за живеење.

Јапонската градежна компанија Japan Dome House е фокусирана на семејни куќи во форма на геодетски куполи кои ги гради во изминативе 15 години. Не за џабе е избрана формата на купола, бидејќи механички и статички е докажано дека оваа форма може да издржи доста силни земјотреси, со какви Јапонија не така ретко се соочува.

За изградба на една ваква куќа на Јапонците им се потребни околу 2 часа (или можеби нешто повеќе), а истата гарантираат дека ќе трае најмалку 300 години. А и цената е смешна – само 2.000 долари.

Од компанијата тврдат дека овие куќи во форма на куполи изградени од полипропилен на фармата Асо го издржале и земјотресот од 7 степени според Рихтеровата скала во 2016 година, поради што се појавил голем интерес за нив.