Како култниот Пикасо го нацрта плакатот за „Битката на Неретва“ и зошто му платиле со 12 шишиња вино?

Филмот „Битката на Неретва“ се смета за еден од најдобрите и најскапи филмови кои се снимени во бивша Југославија. Ова остварување стекна и огромна меѓународна слава и успех, освои бројни награди, а беше номиниран и за Оскар.

„Битката на Неретва“ спаѓа во корпусот најамбициозни филмови од бивша Југославија. Најголемите светски актерски ѕвезди од тоа време, Јул Бринер, Франко Неро и гигантот Орсон Велс, им се придружија на актерските легенди од регионов за снимање на оваа епска воена драма. А официјалниот плакат за филмот го нацрта лично култниот светски сликар и уметник, маестро Пабло Пикасо.

На изненадување на Вељко Булајиќ, Пикасо многу брзо го прифатил неговиот предлог тој да биде автор на официјалниот плакат за филмот, па филмската екипа која стоеше зад овој култен филм се нашла во паника бидејќи морале да смислат начин како да го исплатат Пикасо.

За нивна среќа, Пикасо едноставно им рекол дека не сака пари, туку дека за возврат за плакатот со негов личен уметнички потпис бара сандак со 12 шишиња најдобро југословенско вино.

Од премиерата на „Битката на Неретва“

На премиерата на филмот одржана на 29 ноември, 1969 година, на отворањето на сараевскиот културно-спортски центар „Скендерија“, покрај Тито и култната филмска екипа од филмот, наводно присуствувале и Софија Лорен и Омар Шариф.