Home Актуелно Патнички воз кој сообраќа на релација Кичево-Скопје излета од шини

Патнички воз кој сообраќа на релација Кичево-Скопје излета од шини

Одроната карпа во која удрил патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје, на пругата кај Лакавица, беше причина за неговото излетување од шините изутринава.

Според првичните информации, нема повредени патници. На местото на несреќата се упатила екипа која треба да го утврди оштетувањето на пругата.

Во полициската станица Гостивар утрово, во 6:45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините.

По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…