Кук и Џонс против Ротен – панкериштата „си ги извадоа очите“ за пари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајца бивши членови на Секс Пистолс ја добија судската битка против нивниот поранешен фронтмен Џони Ротен за правото да ги користи песните на бендот во идна телевизиска серија.

Поранешниот тапанар Пол Кук и гитаристот Стив Џонс го тужеле Ротен, со вистинското име Џон Лидон, за негирање на правата на песните што се користат во телевизиската драма Пиштол во режија на Дени Бојл.

Лондонскиот суд денеска донел одлука во корист на Кук и Џонс, бидејќи членовите на бендот потпишале договор во 1998 година, според кој тие одлучуваат за нивните права со мнозинство гласови.

Судското рочиште траело една недела. Џонс и Кук, како што се очекувало, се повикале на договорот , додека Ротен, кој претходно во интервју за Сандеј Тајмс рече дека тоа е „најбезобразното срање што морал да го издржи“, се бранел велејќи дека договорот никогаш не бил искористен и бил подготвен само бендот да се заштити од тоа нивните менаџери да им ја наметнат својата волја.

Аргументите на Ротен не биле помогнати од фактот дека оригиналниот член на бендот Глен Матлок, кој бил замена за починатиот Сид Вишус, како и наследниците на Вишиус застанале на страната на гитаристот и тапанарот.

Телевизиската драма Пиштол е во продукција на Дизни, ќе има шест епизоди и е базирана на мемоарите на Џонс „ Lonely Boy: Tales From a Sex Pistol “. Премиерата треба да биде следната година.

Секс Пистолс беа формирани во 1975 година и се распуштија три години подоцна. Иако нивната кариера траеше само две и пол години во кои успеаја да издадат само еден албум „Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols“, нивното влијание врз историјата на популарната музика е немерливо.