Крши протоколи и „мува не го лази“: Кралицата трчкаше да го стигне Трамп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп остварија средба со британската кралица Елизабета Втора.

Она за што пишуваат сите светски медиуми поврзано со посетата на претседателскиот пар на британската кралица е неколкукратното кршење на протоколот од страна на Трамп.

Како што било објавено на бројни социјални мрежи, најголемиот гаф американскиот претседател го направил кога одел пред англиската кралица, која се обидувала да го стигне, кога заедно тргнале да го гледаат стројот на Почесната гарда, додека Меланија останала да ги чека на подиумот.

„Моментот кога ќе сфатиш дека си заборавил каде си ја оставил кралицата на Англија” – го опишал тој настан еден корисник на Твитер. Американскиот претседател во еден момент се свртел да види каде е кралицата, додека таа стоела зад неговиот грб, обидувајќи се некако да го заобиколи, но бидејќи не ја забележал веднаш, само продолжил право.

Според протоколот, англиската кралица мора секогаш да оди напред, и судејќи по изразот на нејзиното лице, воопшто не ѝ се допаѓало што гледа во нечиј грб.

Малку пред тоа, како што пренеле англиските медиуми, протоколот бил прекршен и при ракувањето, бидејќи предвидува секој да и се поклони на кралицата во знак на почитување.

Меланија и Трамп се ракувале со кралицата, но никој од нив не се поклонил. Елизабета Втора и покрај сето тоа цело време била многу љубезна и насмевната.