Почина Ненси Синатра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата сопруга на култниот музичар Френк Синатра, познатата Ненси Синатра почина на 101-годишна возраст, објави нејзината ќерка.

„Мојата мајка синоќа спокојно почина“, напиша на Твитер помладата Ненси Синатра (има исто име со својата мајка), додавајќи: „Беше благослов и светло во мојот живот“.

Ненси почина 20 години после Френк, кој почина во 1998 година од срцев удар. Ненси, чие моминско презиме беше Барбато, почна љубовна врска со Френк уште додека беа тинејџери, а се венчаа во 1939 година во Њу Џерси. Како венчален подарок тој ѝ подари снимка од песната Our Love која ја напиша за неа, пренесува CNN.

Заедно имаа три деца, а се разведоа во 1951 година, после бројните гласини за неговите вонбрачни љубовни афери.

Ќерката на Ненси подоцна откри дека нејзината мајка многу тешко го поднела разводот. „Ноќе ја слушав како плаче“, изјави таа во една прилика.