„Крокети“ од компири – одличен прилог за со секое јадење

крокети

Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фини, вкусни, а толку едноставни за подготовка. Одговараат на речиси секое и секакво јадење, а можат да се сервираат и како грицки.

За „крокетите“ од компири ви се потребни само неколку состојки, а можете да ги сервирате како прилог со речиси секое месно јадење, со зеленчук, салати и со разни сосови. За подготовка на „крокетите“ не ви се потребни никакви посебни кулинарски способности, а ќе ви требаат нешто повеќе од два часа за сами да си ги спремите дома. Има неколку различни рецепти.

Основен рецепт за „крокети“ од компири

Потребни состојки: 1 килограм компири, коцка путер, едно јајце, сол, 300 грама брашно, масло за пржење.

Начин на подготовка: Прво сварете ги компирите во врела вода. Пред варењето можете да ги исецкате на коцки за побрзо да се сварат. Кога се готови, добро исцедете ги, па додадете масло и сол и коцка путер додека се уште врели.

Со миксер направете пире од компири. Обидете се да биде што помеко и подобро измиксирано. На пирето додадете го брашното и замесете го тестото. По потреба, може да додадете уште брашно. Тестото поделете го на неколку делови, па измесете ги. После тоа, сечете парче по парче со големина по ваш избор.

Во сад за пржење ставете масло и зовријте го на оган. Кога ќе биде врело, почнете да ги ставате „крокетите“. За почеток ставете еден „крокет“ во маслото и причекајте да стане врело. Кога ќе зоврие и ќе почнат да се прават меурчиња околу „крокетот“, маслото е готово за пржење. Ставете ги остатокот од „крокетите“ и повремено превртувајте ги. Кога ќе добијат златно-жолта боја, значи дека се готови. Потоа вадете ги во чинија, на која може да поставите хартија која ќе го впива вишокот масло.

„Крокети“ со пармезан

Освен основниот рецепт, можете да ги направите и од компир со пармезан. Подготовката е слична, но со сирење и лебни трошки добивате посебен вкус и крцкавост.

Потребни состојки: 2 жолчки, четири јајца, 2 шолји пире од компири, половина лажица изрендан пармезан, 1 лажица брашно, 2 шолји лебни трошки, 2 шолји масло за пржење.

Начин на подготовка: Жолчките, пирето од компири и брашното измешајте ги во голем сад, па додајте го пармезанот. Од таа смеса направете топчиња со големина на орев. Ставете ги во сад и во фрижидер. Нека отстојат барем два часа. Кога ќе се изладат, во еден сад изматете ги јајцата, а во друг ставете ги лебните трошки. После тоа, топчињата, едно по едно, прво натопете ги во јајцата, па избрбелајте ги во лебните трошк.

Во меѓувреме, маслото за пржење зовријте го на оган. Кога сите топчиња ќе бидат подготвени, почнете да ги пржите во маслото. Пржете околу 3-4 минути, додека не добијат златно-кафеава боја. Оваа количина на состојки е доволна за две порции „крокети“.