Крит го доживеа потопот од Ное: 41 час без престан врнеше дожд, удрија 15.500 грома


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дождот кој врнел на Крит во времетраење од 41 час без престан слободно може да се нарече современ потоп како оној библискиот од приказната за Ное. За речиси цели два дена, колку што траела оваа „дождовна апокалипса“, на Крит удриле неверојатни 15.500 грома.

Податоците од две метеоролошки станици покажале дека дожд врнел точно 41 час. Крит во периодот од 24 до 26 февруари бил погоден од обилни врнежи на дожд кои предизвикале катастрофални поплави.

Најголемото количество на дожд двете станици забележале во периодот меѓу 06:30 и 12:30 во понеделник , 25 февруари, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Само во реонот на Белите планини „Лефка Ори“ на површина од околу 140 квадратни километри паднале повеќе од 80 милиони кубни метри вода, не сметајќи на количината на дожд која паднала на многу поголемиот на префектурата Хања.

За време на викендот од 24 до 26 февруари ЗЕОС системот за следење на молњи при Националната опсерваторија во Атина забележал вкупно 15500 удари на гром во регионот на Крит.

Во поплавите на Крит животот го загубило едно лице.