Home Шоубизнис Кристен Стјуарт во улога на контроверзниот Џ.Т. ЛеРој

Кристен Стјуарт во улога на контроверзниот Џ.Т. ЛеРој

Кристен Стјуарт на филмското платно се враќа со новата улога во биографската драма „JT LeRoy“, која во кината ќе биде премиерно прикажана кон крајот на април.

„JT LeRoy“ го режираше писателот Џастин Кели, кој воедно работи и на сценариото, користејќи ги мемоарите од Савана Кнуп, главната хероина во приказната.

Стјуарт во филмот ја глуми токму Кнуп, млада жена која шест години поминува во преправање дека е славниот писател Џермаја Терминатор ЛеРој.

Филмот е базиран на вистинита приказна од Лори Алберст, писателка која го создала фиктивниот лик на младиот хомосексуалец Џ.Т. ЛеРој. Потоа таа ја ангажирала сестрата на својот дечко, Савана Кнуп, јавно да се прикажува и претставува како Џ.Т. ЛеРој.

Оваа вистинита приказна веќе беше презентирана преку документарниот филм за истата од 2016 година.

Освен Стјуарт, во филмот глумат и Дајана Кругер, Лора Дерн, Џим Старџис, Кортни Лав, Стела Мајвел и други.

Премиерата во САД е закажана за 26 април.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …