Вознемирувачко видео: Гимнастичарка при доскок си ги скрши двете нозе и ја заврши кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата гимнастичарка Саманта Серио ги скрши двете нозе при доскокот на едно натпреварување во Америка.

Серио важеше за една од најпреспективните гимнастичарки во САД на која и се предвидува голема кариера, но повредата која вчера ја доживеа скапо ќе ја плати.

Таа при една вежба доживеа страшна повреда пред самиот крај. При доскокот ги скрши двете нозе откако направи двојно салто.

Во салата завлаеа тотален молк и никој не можеше да верува што се случи. Серио заврши на операција, а повеќе информации за нејзината повреда би требало да бидат познати подоцна. Таа веќе објави дека ова бил нејзиниот последен настап и дека повеќе повеќе никогаш нема да се занимава со гимнастика.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина.