Home Актуелно Кратење на 10 насто од работните места: Илон Маск отпушта 600 вработени од SpaceX

Кратење на 10 насто од работните места: Илон Маск отпушта 600 вработени од SpaceX

Со објаснување дека кратењето на работни места во компанијата е со цел да се развиваат меѓупланетарните летови, од  SpaceX на Илон Маск најавија дека ќе од компанијата ќе бидат отпуштени 600 вработени.

„Ова беше многу тешка одлука“, стои во мејлот кој работниците го одбија од претседателката на компанијата, пренесува Los Angeles Times.

Во соопштението се наведува дека компанијата на отпуштените работници ќе им обезбеди двомесечна плата како и други социјални примања, а ќе им овозможи и помош во понатамошниот развој на кариерата и потрага по друга работа.

Во писмото Гвини Шотвел објаснува дека SpaceX мора да го намали бројот на вработени со цел да ги задоволи потребите на потрошувачите и успешно да ги развива меѓупланетарните вселенски бродови.

Американскиот весник потсетува дека компанијата и претходно повремено го намалуваше бројот на вработени.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…