Home Спорт Кралот на земјата: Надал буквално си поигра со Ѓоковиќ и го освои Мастерсот во Рим

Кралот на земјата: Надал буквално си поигра со Ѓоковиќ и го освои Мастерсот во Рим

Кралот на земјениот терен во тениската елита, Рафаел Надал, буквално си поигра на теренот во Рим со Новак Ѓоковиќ во финалниот дуел од овој Мастер и го совлада Србинот со 6:0, 4:6 и 6:1 за вкупно 34 мастерс трофеј во кариерата и 9-та на Мастерсот во Рим.

Надал беше исклучително убедлив на стартот против Ѓоковиќ и по 38 минути поведе со 1:0 во сетови без ниту еден загубен гем што е прв таков случај во досегашните 142 сета во нивните меѓусебни дуели.

Во вториот сет Новак, сепак, не дозволи целосна бламажа и го реши во своја корист со 6:4 израмнувајќи на 1:1 во сетови. Но, третиот сет Надал го одигра еднакво брилјантно како и првиот, направи брејк на стартот и го доби со 6:1.

Со освојувањето на својот 34. Мастерс турнир, Надал сега повторно е најдобар во таа категорија во историјата на тенисот. Новак остана со 33 освоени Мастерси од категоријата АТР 1000.

Во меѓусебните дуели на земја, Рафа води против Ѓоковиќ со 17:7, додека во вкупниот меѓусебен скор, Ѓоковиќ е подобар со 28:26.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…