Home Шоубизнис Кралот на Мароко заспа до Меланија – Трамп „го стрела“ со лут поглед (видео)

Кралот на Мароко заспа до Меланија – Трамп „го стрела“ со лут поглед (видео)

За време на говорот на францускиот претседател на лидерскиот политички самит по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, во серијата грешки при организацијата и некои комични ситуации, се најдоа и американскиот претседателски пар Меланија и Доналд Трамп и мароканскиот претседател Мухамед VI.

За време на говорот на претседателот на Франција Емануел Маркон, камерата го фати моментот кога кралот, кој седеше до првата дама на САД, Меланија Трамп, заспа.

Трамп одеднаш го забележа тоа и му упати еден долг и лут поглед на мароканскиот крал, кој, како што се гледа од снимката, не го ни забележа тоа оти спиеше човекот.

Некои коментари на социјалните мрежи, сепак, укажуваат на тоа дека Мухамед VI заспал поради силни лекови, бидејќи тој наводно имал неколку операции во последно време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…