Кралицата Елизабета се самоизолираше во дворецот Виндзор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планетарната пандемија на коронавирусот која го тресе светот ја исплаши и британската кралица Елизабета II, која заради тоа ја напушта Бекингемската палата и се самоизолираше во дворецот Виндзор, каде со сопругот, принцот Филип, ќе остане во карантин додека трае вонредната ситуација.

Тоа не треба никого да го чуди со оглед на тоа дека тие двајца спаѓаат токму во најризичната група а освен годините, принцот Филип е во страв заради своето нарушено здравје.

„Таа е ви добра здравствена состојба, но на сите им беше јасно дека за неа е најдобро да замине од дворецот. Во последно време се сретна со многу луѓе, а и за неколку недели ќе наполни 94 години, затоа сите сметаа дека за неа е најдобро да се тргне на време“, открива извор близок до кралското семејство.

Но тоа не се единствените новости поврзани со кралицата и нејзиното семејство. Иако во последно време секој потег на нејзиниот омилен внук, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл за неа беше болен, посебно по одлуката да го напуштат кралското семејство и да започнат самостоен живот, неговата последна одлука и ја врати насмевката на лицето на кралицата.

Имено, принцот Хари и Меган Маркл го прифатиле повикот на кралицата оваа година на и се придружат и летото да го поминат со нејзе во нејзиниот летниковец во Шкотска, а прв пат таму би требало да дојде и малечкиот Арчи, кој во мај ќе наполни една година.