Home Шоубизнис Кралицата Елизабета им крева на телефон само на две личности од „Фирмата“

Кралицата Елизабета им крева на телефон само на две личности од „Фирмата“

Британската кралица Елизабета Втора им одговара на телефон само на две лица во „Фирмата“.

– Наводно, кралицата има две лица со кои најмногу разговара на своите телефони, а очигледно има и мобилен телефон за кој се вели дека е опремен со анти-хакерска енкрипција од MИ6 за никој да не може да и го хакира телефонот – открива кралскиот експерт Џонатан Сакердоти за подкастот „The Royally US“.

– Двете лица со кои најчесто е во контакт се наводно нејзината ќерка принцезата Ана и нејзиниот менаџер за трки со коњи Џон Ворен.

– Тоа значи дека тие можат да стапат во контакт со кралицата од каде било во светот. Ако се јават, таа одговара – додава Џонатан

„Фирмата“ е неформално име за британското кралско семејство и сродните институции, вклучувајќи дворјани, персонал и членови на кралското семејство кои го одржуваат раотењето на монархијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…