Има 82 години и „растура“ во дисциплината скок со стап


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


82-годишниот Дон Исет од Тексас, стана познат по рекордите во скок со стап во неговата длабока старост.

Имено, тој го сака спортот уште од средно училиште, но сега тврди дека има повеќе сила иако е неколку децении постар.

Кога наполнил 66 години, се врати во својата омилена дисциплина – скок со стап. Собори многу рекорди, па стана најдобар во својата категорија, па дури и во својата земја. Изгледа дека мажот навистина може да направи сè кога верува во тоа и дека годините навистина се само бројка.