Крај на една традиција: УЕФА „раскина“ со Панини – еве кој ги доби правата за сликичките и албумите од Европските првенства


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА реши да ја прекине соработката со познатата италијанска компанија „Панини“, која произведуваше сликички за Европското првенство (ЕП) од 1977 година.

Европската куќа на фудбалот реши да и го додели правото за изработка на сликички на американската компанија „Топс“.

Деталите од договорот се уште не се познати, но сигурно е дека албумот за ЕП 2024 година нема да биде направен од „Панини“.

Како што најавуваат од „Панини“, албумите со сликички ќе бидат укинати пред Европското првенство во Германија во 2024 година.

Првиот албум со сликички на фудбалери, во Италија, беше објавен пред Светското првенство во Мексико во 1970 година, а четири години подоцна, по повод Светското првенство во Германија во 1974 година, албумите премиерно беа пуштени во продажба во целиот свет.