Home Актуелно Кожената топка со која Иван се одржувал во живот во егејските води

Кожената топка со која Иван се одржувал во живот во егејските води

Градоначалничката на Касандра, Халкидики, се фотографираше со кожената топка која му го спасила животот на 30-годишниот Иван од Македонија кој цели 19 часа се борел против немирното море и големите бранови за да успее да остане на површината. Фотката ја сподели на социјалните мрежи.

„Многу се радувам поради среќниот крај на младиот човек. Нашол топка која му го спасила животот бидејќи ја држел за да се одмори“, напиша таа во својата објава.

Претходно градоначалничката изјави дека момчето е во добра здравствена состојба. На патот кон болницата, тој и’ кажал дека топката му ја донел ветерот во морето, успеал да ја фатил и се држел за неа.

Голготата на младиот човек почна кога во саботата напладне тој на денот на својот роденден влегол во Егејското море со уште двајца свои пријатели, но силните морски струи ги повлекле во длабочината.

Неговиот 25-годишен пријател Васил беше спасен по кусо време благодарение на сурферка која го забележала и се обидела да му помогне, но немоќна поради невремето ја упатила крајбрежната стража на местото каде што бил Васил.

Третото момче Мартин, се’ уште се води за исчезнато.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…