Косовското обвинителство ослободи четворица Срби кои беа сомничени за инцидентот во Бањска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Косовското Специјално обвинителство соопшти дека во вторник ослободило четворица осомничени за случајот во Бањска во Звечан бидејќи според нив немало доволно докази за нивната вмешаност во случајот, објави приштинска „Коха“.

Како што соопштија од Обвинителството, осомничените се уапсени далеку од местото на настанот.

„Ве информираме дека четирите лица, кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција во селото Бањска во општина Звечан, далеку од местото на настанот, вчера беа ослободени од Специјалното обвинителство на Република Косово во отсуство на докази од косовската полиција“, соопшти во средата Обвинителството, пренесува „Коха“.

Косовската полиција уапси осум лица во врска со вооружениот напад што се случи во неделата во Бањска во Звечан, каде што беше убиен наредникот на косовската полиција, Африм Буњаку.