Home Шоубизнис Косовската ѕвезда Истрефи заедно со Вил Смит ќе го отвори Мундијалот во Русија

Косовската ѕвезда Истрефи заедно со Вил Смит ќе го отвори Мундијалот во Русија

На свеченото отворање на Светското фудбалско првенство во Русија, химната на Мундијалот ќе ја изведе Вил Смит , а друштво ќе му прават Колумбиецот Ники Џем и косовската музичка ѕвезда Ера Истрефи.

На Вил Смит ова ќе му биде потсетување на музичката кариера , која пред многу години ја земени со актерска. Според Билборд , песната ќе биде објавена на 25 мај , а продуцент е Дипло , кој стои зад најголемите минатогодишни хитови како ,,Lean On” и ,, Cold Water”.

Ники Џем е еден од најголемите Јужноамерикански ѕвезди , а неговиот последен хит X e предледан 800 милиони пати на Јутјуб.

Ера Исрефи се прослави со светскиот хит Bon Bon . Родена е во Приштаина , на Косово, во музичко семјство со мајка пејачка и татко новинар . И сестра и Нора се занимава со музика. Ера од 2015 има интернационална кариера со договори со Sony records , додека настапува со Ријана и Сиа.

Химната на Светските фудбалски првенства обично се изведува при отворањето или затворањето на натпреварите. Пред четири години на отворањето ја пееја Питбул и Џенифер Лопез , а во 2010 на затворањето ја испеа Шакира.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …