Home Актуелно Денес ќе падне првата пресуда за Груевски во случаите кои се водат против него

Денес ќе падне првата пресуда за Груевски во случаите кои се водат против него

Во Основниот суд Скопје 1 денес ќе биде изречена првата пресуда за бившиот премиер Никола Груевски во случаите кои СЈО ги води против него, конкретно за случајот  „Тенк“ во кој заедно со поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски им се суди за набавката на луксузниот мерцедес.

Овој предмет го суди судијката Добрила Кацарска која вчера веќе му изрече затворска казна од 9 години и мерка притвор на Поповски за случајот “Триста“ за злоупотреба на службената положба и овластување.

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски во завршните зборови за случајот „Тенк”, посочи дека во предметот е обвинет за сакање.

„Сум сакал да се набави блиндирано возило бидејќи сум сакал да се возам во него. Сум остварил корист оти ме возеле, не во една туку во друга кола, од истата марка. Генерации на наши потомци ќе се чудат за што бил обвинет поранешниот премиер, пред да разберат дека станувало збор за политички прогон“, истакна Груевски.

Тој додаде дека ниту во изведените докази за кои што се тврди дека преставуваат наводни аудио снимки помеѓу мене со некои трети лица, ниту во било кои докази не произлегува дека побарал од Гордана Јанкуловска да се изврши службено десјствие што не би требало да се изврши и тоа да се изврши јавна набавка во која МВР ќе купи ново блиндирано патнчко возило од марката Мерцедес модел С 600 Гард така што во постапката да се фаворизира економскиот оператор МАК АУТОСТАР Дооел Скопје-генерален застапник и дистрибутер на возилата од марката Мерцедес во РМ.

СЈО побара осудителни пресуди за двајцата обвинети, а одбраната бараше одлободителни поради немање на докази. Судијката Кацарска одлуката ќе ја соопшти денес.

Во овој предмет обвинета е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но постапката за неа поради ризична бременост беше издвоена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…