Конте со ултиматум до раководството: Бара четири засилувања!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на анктуелниот англиски шампион Челзи, Антонио Конте не го крие незадоволството од преодниот рок, па поради тоа Италијанецот постави ултиматум да му бидат остварени неколку трансфер желби.

Англиските медиуми пренесуваат дека Конте бара четири засилувања до крајот на преодниот рок. На врвот на листата се наоѓа играчот за врска на Лестер, Дени Дринквотер.

Тука се уште и Рос Баркли од Евертон, Алекс Окслејд Чемберлејн од Арсенал и Алекс Сандро од Јувентус.

Конте исто така не е задоволен и од опциите кои ги има во нападот, па можно е да изврши притисок да му биде доведен Љоренте од Свонси, а исто така голема желба му е и стоперот на Саутемптон Вирџил ван Дијк, но тој трансфер е малку веројатен.

„Сините“ ова лето доведоа три нови засилувања, Мората, Рудигер и Бакајоко, но тимот го напушти Немања Матиќ.