Конте проговори за својата иднина: Еве каде ќе биде следната сезона!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Изминатите денови многу се шпекулираше за иднината на Антонио Конте, а италијанските медуми тврдеа дека следната сезона ќе се врати во Италија.

Некои медиуми заминаа и до таму што тврдеа дека стратегот постигнал договор со Интер, но денес Конте категорично го демантираше тоа и кажа каде сака де биде следната сезона.

„Мојата сопруга и ќерка оваа година останаа во Италија, но се надевам дека следната година ќе дојдат овде бидејќи имам потреба од нив. Среќен сум во Челзи и се надевам дека ќе останам овде многу години“, истакна Конте.

„Кога ќе започете еден ваков проект желбата е да се изгради нешто големо и важно, а за тоа потребно е да останете неколку години во клубот. Воопшто не беше едноставно да се дојде во Челзи после една разочарувачка сезона и да се крене тимот. Меѓутоа имам фантастична група на фудбалери кои одговорија на најдобар можен начин со максимално залагање и професионализам“, додаде италијанскиот стратег.