Конте е веќе бивши, Абрамович го избра новиот тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте најверојатно на крајот од сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“, а англиските медиуми веќе го открија и името на новиот тренер.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович веќе го избрал неговиот наследник, а тоа е Луис Енрике.

Бившиот тренер на Барселона е без ангажман откако замина од „Камп Ноу“, а наводно раководството на „сините“ веќе ги направило првите контакти со неговиот менаџер.

Абрамович е лут на Конте што јавно ја критикува транафер политиката на клубот, па решил да го смени на крајот на сезоната.

Од друга страна Италијанецот не е среќен на Островот и сака да се врати на Апенините, но силен интерес за него покажува и Пари Сент Жермен.

Кандидати за столчето на „Стенфорд Бриџ“ се уште Диего Симеоне и Макс Алегри, но Луис Енрике е фаворит и најголема желба на „сините“.