Вебкафе

Конспирација од највисок степен: Диверзијата на Ким Јонг-ун во Сингапур и измамените репортери

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сингапур пристигна на конспиративен начин, со „диверзија“ со авионите до сингапурскиот аеродром, каде беше дочекан конвој возила.

Еден од трите авиони што полетале од аеродромот во главниот град на Северна Кореја Пјонгјанг, бил советскиот Иљушин-62, личниот авион на Ким, познат и како Јастреб-1.

Авионот на Ким на Запад е познат и како Ер форс ун, што е игра на зборови од американскиот претседателски авион Ер форс уан.

Личниот авион на Ким Иљушин всушност бил диверзија, бидејќи лидерот на Северна Кореја во Сингапур пристигнал вчера во Боинг 747, кој припаѓа на компанијата Ер Кина.

По пристигнувањето во Сингапур, Ким е дочекан со конвој од 20 возила, но сепак, ниту еден од многуте набљудувачи не успеале да го фотографираат поради затемнетите прозорци на возилото.

Затемнетото стакло во Сингапур е забрането дури и за премиерот.

Ким е отседнат во хотелот Реџис, меѓутоа, пристапот до хотелот е затворен воочи неговото пристигнување поради што ни фоторепортери не успеале да го фотографираат севернокорејскиот лидер, со исклучок на двајцата севернокорејски фоторепортери кои слободно можеле да се движат и го бележеле секој момент од посетата на Ким.

Кога неколку гости се видени како фотографираат, севернокорејски официјален претставник се упатил кон нив, барајќи да им ги провери телефоните.

„Ги видов како го фотографираат нашиот претседател. Како се осмелуваат да го сторат тоа, не смеат“, изјави официјалното лице за Ројтерс, кој одби да биде идентификуван.

Под будното око на службениците и персоналот на Сент Реџис, едно лице било принудено да ги избрише фотографиите.

To Top