Конор Мекгрегор заминува во пензија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никој не очекуваше вакво нешто. Навистина оди во пензија или ова е преговарчка тактика!?

Поранешниот шампион во УФЦ и најголема ѕвезда на ММА, Конор Мекгрегор објави дека се повлекува од спортот!

Рано утрово целосно неочекувано буквално од никаде. Конор Мекгрегор на својот Твитер профил напиша дека завршил со „мешаните борби“ како и дека им посакува среќа на своите колеги борци во иднина.

„Еј момци, имам кратко известување. Одлучив да пензионирам од спортот формално познат како „мешани борби“. На сите мои стари колеги им посакувам да напредуваат. Сега им се придружувам на моите поранешни партнери кои се веќе во пензија“, стои во Твитот на Конор.

Ова беше целосно неочекувано бидејќи следуваше само неколку часа после интервјуто кое беше емитувано во забавната програма „Тhe Tonight Show“ со Џејми Фалон во кое Мекгрегор тврдеше дека преговара за враќање во октагон во јули.

Останува да видиме дали ова е вистинска пензија или само обид да се извлече подобра преговарачка позиција. Ако е ова второто во прашање на Ирецот не му се пишува добро бидејќи УФЦ функционерите сериозно ги сфаќаат неговите зборови, пред се претседателот Дејн Вајт.

„Мислам дека неговото повлекување има смисла, бидејќи неговото виски растура на пазарот. Кога јас би бил на негово место и јас би се повлекол. Тој се повлекува од борбите, не од работата. Вискито ќе го окупира, а сигурен сум дека работи и на други нешта“, изјави Вајт.