Home Актуелно Скопска Апелација денес одлучува за Мијалков во случајот „Титаник 2“

Скопска Апелација денес одлучува за Мијалков во случајот „Титаник 2“

Скопска Апелација денес одлучува дали бившиот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, и натаму во Шутка ќе ја чека правосилната одлука за случајот „Титаник 2“ или ќе му се одредат други мерки на претпазливост.

Одбраната поднесе жалба кога на првостепената одлука Кривичниот суд за затворска казна од три години наедно да добие и решение за притвор, а денеска Апелација на јавна седница ќе разгледува дали истото може да му биде укинато, односно дали условите се исполнети за тоа.

Покрај Мијалков, казна затвор од 3 години и два месеца доби и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, беше осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Ибраими исто така доби решение за притвор.

Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…