Конечно ѕвезда и за него


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудската актерска ѕвезда Даниел Крег, кој својата ѕвездена слава ја достигна со улогата на тајниот агент 007, ќе добие своја ѕвезда на Холивудската патека на славните, туристичката атракција во Лос Анџелес.

Ѕвездата на Крег, 2704-та по ред, ќе му биде посветена на актерот за време на церемонијата на 6 октомври.

Ѕвездата ќе биде поставена на холивудскиот булевар 7007, во чест на популарното кодно име на неговиот лик Џејмс Бонд и веднаш до ѕвездата на еден од неговите претходници, Роџер Мур.

Крег во моментов го промовира својот нов 007 филм, кој доби одлични критики и ја зацврсти репутацијата на актерот како една од најдобрите толкувачи на улогата на Бонд.

Филмот веќе доживеа голем успех во кината.

Тој оствари профит од 22 милиони долари во првите два дена, на пазарите во Британија, Ирска, Германија и Данска, објавија продуцентите.

Филмот излегува во САД и Канада на 8 октомври.