Гигантот Фолксваген принуден да го прекине целокупното производство

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген објави дека е принуден целосно да го прекине производството во Волфсбург на две недели поради недостаток на полупроводници.

Фолксваген потврди дека целосно ќе го запре производството на сите возила во својот матичен град Волфсбург во периодот од 2 до 13 октомври, пренесува регионалната јавна радиотелевизија „Norddeutscher Rundfunk (GDR)“.

Околу 20.000 вработени ќе работат со скратено работно време. Исто така, производството ќе биде запрено 12 дена во фабриките во Емден, Хановер и Оснабрик.

Портпаролот на Фолксваген вели дека глобалниот недостиг на полупроводници достигна сосема нова и неочекувана димензија.

Фолксваген првично планираше намалување на производството за три четвртини оваа недела.