Прошетка по мразот од најдлабокото езеро на светот (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На социјалните мрежи се шири видео снимка од човек кој шета по замрзнатото Бајкалско Езеро и покажува колку е чист мразот што го покрива езерото.

Во некои делови езерото е толку бистро што се гледа неговото дно. Човекот го сними и околниот пејзаж и ги воодушеви гледачите.

„Ова е прекрасно“, „И јас би сакал да шетам така“, „Би сакал да живеам во близина на тоа езеро“, се дел од коментарите под објавеното видео на Јутјуб.

Инаку, Бајкалското Езеро во Сибир е најдлабокото езеро во светот.

Во самото езеро и околу него постојат многу единствени растенија и животински видови.