Конечно се огласи и Мекгрегор после поразот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Љубителите на УФЦ утрово може да уживат во спектакуларна борба помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор за титула во лесна категорија.

Конор Мекгрегор беше гласен на прес конференциите пред големата борба, но не се појави на пресконференцијата после мечот.

Сепак Ириецот после неколку часа реши да и се обрати на јавноста преку Твитер и истакна дека очекува реванш.

„Добар нокаут. Едвај го чекам реваншот“, напиша Мекгрегор на својот твитер профил.